📽 Детали за крвавата парада на Канзас Сити Чифс: Едно лице загина, девет деца завршиле во болница

од Stefanija Kuzmanovska

Победничката парада на овогодинешните победници на Супер Боул, Канзас Сити Чифс, во средата се претвори во вистински хаос. Едно лице загина, а 21 се ранети во напад во Мисури на крајот од парадата.

Осум лица се со повреди опасни по живот, а седум од нив се тешко повредени, пренесува NBC.

Меѓу ранетите има и девет деца, кои се полесно повредени. Полицијата уапси три лица во врска со престрелката.

Пукањето се случило пред паркинг гаража западно од железничката станица во Канзас Сити, каде што се собрала голема толпа за да ја прослави победата со играчите на Канзас Сити Чифс.

На местото на настанот имало над 800 полицајци.

Меѓу жртвите е и локалната диџејка Лиса Лопез, мајка на две деца.

„Единствениот збор со кој би го опишала она што го видовме и како се чувствуваа кога дојдоа кај нас е страв“, изјавила медицинската сестра од болницата каде пристигнале деветте ранети деца.

Градските власти не ги објавија имињата на ниту една жртва. Тие, исто така, не споделија никакви информации за осомничените уапсени, вклучително и потенцијален мотив.

Сепак, сметаат дека не се работи за тероризам, туку дека пукањето било резултат на расправија. Подоцна беа објавени видеа на кои се гледа како полицијата со помош на цивили апси еден од напаѓачите.

Слични содржини