Пред две недели колабираше на теренот, сега се враќа: Зборовите на Де Роси поради кои ѝ олесни на цела Италија

од Nikola Popovski

Фудбалерите на Рома ќе добијат засилување на теренот во недела на натпреварот од Серија А против Наполи, најави тренерот на „волчицата“ Даниеле Де Роси.

Де Роси вели дека по вознемирувачката сцена во која цела Италија беше загрижена за дефанзивецот Еван Ендика, тој сега ќе се врати во стартната постава.

Ендика колабираше на теренот пред две недели против Удинезе, по што натпреварот потоа беше прекинат. Сепак, продолжи десет дена подоцна и Рома победи со 2-1, со брилијантен придонес со гол и асистенција на Брајан Кристанте.

Лекарските прегледи покажаа дека Ендика е добро, но стручниот штаб не сакаше да ризикува против Удинезе во четвртокот.

„Еван е добро, тренираше и јасно стави до знаење дека се чувствува одлично. Тој не се плаши од предизвик, ниту од дуел, се врати и е истиот играч 100 отсто каков што беше“, изјавил Де Роси.

„Тој и Манчини ќе имаат силни дуели, бидејќи Осимен е еден од најсилните центарфори во светот. Ќе бидеме без Леандро Паредес, но мора да бидеме подготвени да играме без неговата сила“, објаснил тренерот.

Рома и Наполи се среќаваат во недела од 18 часот на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Слични содржини