СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го бојкотираше Глигоров во 1993 кога требаше да влеземе во ОН, како и референдумот за членство во НАТО

од Nikola Popovski

Одлика на ДПМНЕ се бојкоти, блокади и црни сценарија, велат од СДСМ откако беа прозвани од партијата на Христијан Мицкоски за наводен бојкот во вториот круг од претседателските избори.

СДСМ потсетува дека нивниот главен ривал на политичката сцена „го бојкотираа Киро Глигоров во 1993, кога требаше да влеземе во Обединетите Нации. Го бојкотираа и референдумот за членство во НАТО, го бојкотираа пописот и членството во ЕУ“.

-На 27-ми април, 2017-тата година ВМРО-ДПМНЕ дозволи најобични насилници и силеџии да влезат во парламентот, да тепаат пратеници, да кренат рака на новинари, собраниски служби и да го погазат уставниот поредок на држата. Со бојкот, црни сценарија и насилство држава не се гради. На 8-ми мај, граѓаните треба масоввно да излезат на гласање и да не дозволат повторно да се врати режимот во најава, апелираат од „Бихаќка“.

Мицкоски обвини дека СДСМ во моментов работи на две сценарија кои, како што рече, се губитнички за Македонија. Едното од нив било бојкот на изборите кое води кон уставна криза. За сценаријата да не се остварат, Мицкоски повика на масовна излезеност на изборите на 8-ми мај.

-Второто сценарио е пазарџиска делба со ДУИ на ресори и министерства, каде Ковачевски му оставил на Ахмети сам да одреди колку министерства ќе му даде на СДС и кои. Толку е голем очајот, што Ковачевски прифаќа се, па и сите министерства да ги води ДУИ, не  сфаќајќи дека поразот е и поради тоа што партијата го изгуби идентитот трчајќи по тоа да му се угоди на Ахмети, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Силите на 8-ми мај ќе ги одмерат Силјановска – Давкова со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и Пендаровски кој ја има коалицијата на СДСМ зад себе. Во првиот круг професорката оствари предност од 180 илјади гласови во однос на актуелниот шеф на државата.

Слични содржини