Во Битола одбележани 23 години од масакрот кај Вејце

од Nikola Popovski

После 23 години остануваат во колективната меморија имињата на битолските загинати бранители кај Вејце Маријан, Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24), Кире Костадиновски (24) и Бошко Најдовски (24). Од здружението „Херој на Македонија“, од пред споменикот „Ангел“ изразија огорчување што на ова место пред неколку месеци се случи еден провокативен вандалски чин.

Пред спомен обележјата посветени на битолските бранители, одадена почит и положени букети цвеќиња.

„Нашата татковина е создадена и опстојува благодарение на храброста, непокорот и пожртвуваноста на нашите бранители-херои .  За мирот и спокојот што денеска го имаме ним им должиме и им се поклонуваме. Тие се великаните кои ја променија историјата и оставија светол пример за идните генерации. ​Нивните имиња остануваат вечно врежани во колективната меморијата на македонскиот народ. Нивниот ведар дух, посветеност и професионалност нивните херојски дела оставија траен белег врз нашите животи, за што денеска и секогаш со гордост и пиетет зборуваме и се сеќаваме.. Дозволете ми на крајот, во мое име, како син на воено лице во пензија, кое во 2001 учествуваше на овие настани, сега како претставник на министерството за внатрешни работи да им оддадам уште една признание и да им кажам на фамилиите дека никогаш нема да бидат заборавени а Македонија ќе биде вечна.“, изјави дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев.

Годинешново чествување ќе остане запаметено и по големата присутност. Од страна на семејствата и институциите на спомен обележјата беше одадена почит и положени букети со свежо цвеќе.

Стојанче Ангелов на Фејсбук објави дека делегација на Достоинство „утрово положи букет свежо цвеќе и запали осум свеќи во чест и помен на осумтемина загинати бранители убиени во крвавата заседа кај Вејце“.

Слични содржини