192
Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш може да биде ослободен доколку плати кауција од еден милион евра.
Ова го одлучи судот во Барселона, откако легендата на Блауграна отслужи четвртина од четири и пол годишната затворска казна.
Условите за ослободување од затвор на Алвеш вклучуваат предавање на бразилскиот и шпанскиот пасош за да не може да ја напушти Шпанија.
Тој исто така ќе треба да се јавува на суд секоја недела.
Останува забраната за приближување до жртвата. Оваа одлука, која не беше едногласна, сепак може да се обжали.