Дани Алвеш осуден на 4,5 години затвор за силување

од Vladimir Zorba
332 прегледи

Поранешниот репрезентативец на Бразил, Даниел Алвеш, беше осуден на 4 години и 6 месеци затвор поради силување на млада жена на крајот на 2022. Ова денеска го одлучи судот во Барселона. Казната може да се обжали. Максималната казна за овој прекршок е 12 години зад решетки.

Одделно, поранешниот фудбалер мора да плати отштета од 150.000 евра на жртвата, нема право да комуницира со неа во период од 9,5 години и му е забрането да се приближува до нејзиниот дом и работно место на 1.000 метри. Освен тоа, пет години по излегувањето од затвор Алвеш ќе биде под посебен надзор.

Поранешниот играч на Барселона и Јувентус е во притвор 13 месеци откако беше обвинет за силување на 23-годишната жена. Инцидентот се случил претпоследната ноќ во 2022 година во ноќен клуб во каталонската престолнина.

Во текот на случајот, самиот Алвеш неколку пати ја менувал својата верзија, а неговите адвокати ја поддржале тезата дека имало сексуален контакт, но тоа било консензуално. Меѓутоа, судот сега одлучи дека сексуалниот чин не бил консензуален и дека станува збор за силување.

13-месечниот притвор на Алвеш ќе му биде одземен од казната, што значи дека ќе биде на слобода по 41 месец.

Слични содржини