
Актерот Даниел Крег веројатно наскоро ќе потпише договор за уште два филма на Џејмс Бонд.
Ова го објави “ContactMusic”. 49-годишната ѕвезда ќе ја сними петта и шеста ринкарнација на галантниот шпион.
Продуцентот Барбара Броколи го убеди да го облече својот смокинг уште два пати. Следниот дел ќе се вика “Shatterhand”. Сценариото за 25-тиот филм од серијата е речиси целосно. Датумот на премиерата е закажана за ноември 2019 година.