Британскиот актер Даниел Редклиф во интервју за „New York Times“ изјави дека во оваа фаза не е подготвен да се врати во улогата на Хари Потер.
Прашањето за враќањето на уметникот кон неговата улога на кариерата се појави откако режисерот Крис Колумбус изрази желба да ја прикаже претставата „Хари Потер и проколнатото дете“ со возрасните ѕвезди од оригиналните филмови – Даниел Редклиф, кој го играше момчето со лузна во форма на молња, Руперт Гринт, кој го игра неговиот најдобар пријател Рон Визли, и Ема Вотсон, која влезе во чевлите на Хермиона Гренџер.
Сепак, Редклиф се уште не е подготвен да го поддржи режисерот во овој потфат.
„Се ближи моментот кога чувствувам дека успешно излегов од Потер и среќем сум со тоа каде сум сега. Враќањето би било огромна промена во мојот живот”, изјавил 32-годишниот актер.
„Ова не е нешто што навистина ме интересира во моментов, но никогаш не кажувајте никогаш“, додаде тој.
Главниот лик во претставата „Хари Потер и проколнатото дете“ е средниот син на семејството Потер.
Тој решава да се врати во времето за да промени некои трагични настани.