Даниел Редклиф стана татко

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Даниел Редклиф, ѕвездата на филмовите „Хари Потер“, го доби своето прво дете со долгогодишната партнерка Ерин Дрејк.

Редклиф (33) е во врска со американската актерка Ерин Дрејк (38) повеќе од десет години, а сега парот беше фотографиран со новото бебе додека шеташе низ улиците на Њујорк.

Со оглед на тоа што на осум години стекна светска слава и призна дека има проблем со алкохолизмот, да остане на првиот пат му помогнала Ерин, која ја запознал на снимањето на филмот на кој работеле двајцата и вели дека тоа било љубов на прв поглед, пренесува Daily Mail.

Познатиот пар својот приватен живот го држи подалеку од очите на јавноста, па се уште не се знае кој пол е бебето, ниту како се вика.

Слични содржини