Данилов: Русија подготвува масовен напад за 24 февруари, ние сме подготвени за тоа

од Radmila Tasevska
108 прегледи

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Алексеј Данилов, тврди дека Русија планира масовен напад на 24 февруари, годишнината од нападот врз Украина.

Данилов рече дека Украина е подготвена за удари, пренесува Униан.

Подготвени сме за тоа. Мислам дека веќе знаеме што се такви напади, откако во еден ден имавме 115-120 проектили. Ќе го преживееме и тој ден“, рече Данилов.