Даниловски: Делта сојот ќе проструи низ населението, но не треба да не фаќа паника што ќе стане на есен

од Берта Китинска
313 прегледи

Само масован вакцинација може да не спаси од умирање и ширење на вирусот, вели  епидемилогот, Драган Даниловски во Студио 10.

-Поставувањето на мерки на границите како брзи тестови е прва заштита, втора барира е кога ќе влезе вирусот да се спречат сите негови патишта, епидемиолозите морат да ги индетификуваат контактите од прв, втор ред и да се стават под надзор и трето да се донесе протокол за лекување на ковид 19, објаснува Даниловски.

Тој додаде дека за регистрирани 6 или 16 лица со делта сој не треба да се спроведат нови рестриктивни мерки.

-Треба да се почитуваат веќе донесените  мерки односно, маска за затоврено, одржување на дистанца, кога ќе почне школската година да се почитуваат општите мерки, вели тој.

Епидемиологот смета дека делта сојот ќе го зафати местот на алфа сојот и со самото тоа ќе го надградиме имунитетот.

-Делта сојот ќе се рашири во земјава, но не мислам  дека тоа ќе придонесе катастрофални последици со преполнување на болниците.Тој повторно ќе проструи низ населението, но сметам дека не треба да не фаќа паника што ќе стане на есен. Делта сојот полека ќе го зафати местото на алфа сојот и сето тоа така ќе  се заврши дали ќе се повтрои нов мутант ќе видиме мислам дека приказната со ковид 19 полека  стивнува независно од новите варијанти сметам дека овие мутации се последни трзаи на вирусот, вели Даниловски.

Слични содржини