Даниловски: До вчера бев пожелен во КЗБ, а денес велат дека не можам да се справам со реалноста

од Nikola Popovski

„До пред некој ден, како „угледен“ експерт, бев пожелен и поканет член во Комисијата за заразни болести или во тимот на советници, но наеднаш, преку ноќ сум обвинет како доктор „кој не е спремен да се справи со реалноста“ и дава „несериозни изјави опасни за општеството“, вака епидемиологот д-р Драган Даниловски одговори на денешната изјава на министерот Беким Сали.

Даниловски уште еднаш повтори дека нема апетити, амбиции, ниту за кариера, ниту за лична промоција.

-Само се обидувам да помогнам безусловно! Неопходно е да се изготви протокол и за амбулантски третман на болни од КОВИД-19! За да се почитуваат тие протоколи, господине Министре, подигнете ги на ниво на законска обврска! Направете ги подзаконски акти! Имате ингеренции за тоа, напиша д-р Даниловски.

Министерот за здравство Беким Сали денеска ги негираше тврдењата на Даниловски дека немало протокол за лекување на позитивните.

Сали, истакна дека професор Даниловски, не е спремен за да се справи со реалноста.

Дополнително, министерот кажа дека за него, тој давал необјасниви и несериозни изјави, кои штетеле на општеството.

-Проткол постои тој е веќе две години.Сите здравствени институции кои имаат хоспитализирани пациенти почитуваат заеднички протокол кој е напишан од професори од Клиниката за инфективни болести. Не знам од каде ви е информацијата дека нема протокол. Не можам да коментирам изјави на професори кои ги почитувам, но не се подготвени да се справат со реалноста и даваат, за жал, необјасниви и несериозни изјави кои негативно влијаат во општеството, рече Сали.

Слични содржини