„Народов добро издржа, после година дена искуство со пандемијата. Сепак се прашувам како ќе биде некој ден после кога ќе заврши целава оваа ситуација и со какви пандемии од друг вид ќе се соочиме, пред се тука мислам на менталните растројства. Луѓето се очајни, затоа што не можат секогаш да добијат конзистентна инфомација за да можат да се успокојат“, вели епидемиологот Драган Даниловски за емисијата „24 анализа“.
Тој наведува дека е многу важно здравствените работници да бидат едногласни во одредени ставови, особено околу вакцините.
„Сведоци сме дека наши колеги, од земјава, северниот сосед и насекаде низ светот, сеат страв и сомнеж за вакцините. Не се директни антиваксери, но со една скепса настапуваат. Паднавме на испитот на комуникацијата и информативноста ние колегите“, смета Даниловски.