Летово не треба да се преспие, треба да се искористи, да се вработи здравствен кадар – доктори и медицински сестри, да се одржат семинари за ракување на апарати за кислородна поддршка, бидејќи видовме дека има импровизирање, да се обеззбеди лекот „Пакскловид“, а неопходно е да се направи и соодветен протокол за лекување, вели епидемиологот д-р Драган Драниловски во интервју за Сител.
Вели дека во моментот не се потребни рестрикции поради добрата епидемиолошка состојба.
-Меѓутоа, има нешто друго. Во препораките на Комисијата се апелира до граѓаните, сепак, и натаму да се придржуваат до мерките за лична заштита и хигиена, миење раце, дезинфекција, одржување дистанца. И тоа е во ред. Меѓутоа, се покажа уште одамна дека миењето раце и дезинфекцијата не влијаат значајно на пренесување на вирусот. Апсолутно, доминантен пат на пренос на вирусот преку воздухот, вели Даниловски, појаснувајќи дека дополнителна заштита би се добила доколку се препорачува постојана вентилација за просториите.