Даниловски: За новиот тип на ковид 19, маските треба поригорозно да се носат

од Берта Китинска
234 прегледи

„Засега има три мутации на вирусот, откриено е дека британската варијанта е 35% позаразна од оригиналниот тип, а јужноафриканскиот сој е 75% позаразен, вели Драган Даниловски, универзитетски професор, епидемиолог во Студио 10 на ТВ24.

-Се претпоставува од искуството на Британија дека клиничката слика не е поразлична, но преносливоста е поголема. Ќе заболат повеќе луѓе, веројатно ќе има и повеќе починати. Истите мерки кои се преземаат за постоечкиот вирус функционираат и за британскиот сој. Треба маските поригорозно да се носат и дистанцата да се држи по внимателно. Ова не треба да не изненадува. РНК вирусите се нестабилни, мутираат многу често“, вели Даниловски.

Слични содржини