Тешко се полни државната каса. Даночните приходи имаат пад од 10 отсто. Од Нова Година до 25 март, се собрале 546 милиони евра даноци, или споредено со вкупниот план за годинава, недостасуваат 54 милиони евра од планираното, констатира Алсат-М.
За економистите ова се должи на забавување на приватниот сектор кој е клучен за полнење на Буџетот. Влијае и политичката криза.
„Веројанто уште повеќе ќе забавува во следниот период од три, четери и пет месеци бидејќи тоа е и правило во летните месеци, да режимот на полнење на буџетот е послаб, за пак кон крајот на годината да се подобри“, вели Павле Гацов од здружението на даночни експерти.
Владата пак за првите три месеци релизирала 32 проценти од планираниот дефицит за цела година или околу 100 милиони евра кои мора да ги обезбеди со задолжувања. Според Гацов, ако се продолжи со темпото, планираниот недостаток на пари во буџетот од 320 милиони евра, ќе се надмине./Повеќе на извор Алсат-М
