Данска го декласираше Велс и се пласираше во четвртфиналето на ЕУРО

од Vladimir Zorba
225 прегледи

Данската бајка продолжува да живее! Викинзите силно го одиграа мечот од осминафиналето против Велс, а во него беше вткаен „потписот“ на нивниот соиграч Кристијан Ериксен, кој не е со нив поради несреќата што му се случи за време на првиот евро-натпревар против Финска.

Херој беше Каспер Долберг, кој постигна два гола што го турна неговиот тим во четвртфиналето на ЕУРО, а на самиот крај Велшаните ги докрајчија Меле и Брајтвајт за конечни 0:4 (0:1).

Викинзите сега го чекаат победникот од натпреварот помеѓу Холандија и Чешка. Тој дуел ќе се игра во далечниот Баку, Азербејџан, кој сигурно нема да одговара на никого, со оглед на патот кој требаа да го поминат.

Слични содржини