Данска го укина карантинот за македонски државјани

од Берта Китинска
213 прегледи

Македонија, Албанија, Либан и Србија, се додадени на жолтата листа за ризик од Ковид-19, откако државниот Дански институт за превенција и контрола на заразни болести регистрираше пад на стапката на инфекции со коронавирус во овие држави. 

Според соопштението на данското МНР, од 19 јуни, патниците од овие земји ќе можат да влегуваат во Данска без да одат во карантин и без двојни тестирања за Ковид-19, пренесе порталот SchengenVisaInfo.com. 

Слични содржини