31
Данската влада најави огромно зголемување на буџетот за одбрана на Гренланд, неколку часа откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја повтори желбата да ја купи територијата на Арктикот.
Данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен не ја прецизираше точната бројка, но рече дека одбранбениот пакет вклучува „милијарди во двоцифрена сума“, додека локалните медиуми проценуваат дека ќе изнесува околу 12-15 милијарди круни, што е блиску до 1,5 милијарди евра.
Министерот додаде дека за тие пари е планирана набавка на два патролни чамци од класата Тетис, два дрона со долг дострел и два тима со кучиња на влечење, а средствата ќе се вложат и во зголемување на персоналот на данската арктичка команда.