Двајца криминалци кои македонските власти ги бараат за апсење, биле депортирани од Данска и од Германија во вторникот, соопшти полицијата.

Имено, во вторникот во 11.30 часот на ГП-Аеродром Александар Велики-Скопје, на влез во Р.Македонија, од Копенхаген-Данска, како депортиран допатувал Ф.Е.(40) од Скопје.
По извршената пасошка контрола и проверка било констатирано дека истиот евидирал со мерка “Апси“ по барање од Основен Суд Скопје 1 од 24.03.2016 година по што бил лишен од слобода и приведен во Полициска станица. Во 14 часот,Ф.Е. бил предаден на полициски службеници од ПО-Петровец за спровод до затвор Идризово.
Истиот ден, во 14,30 часот на ГП-Аеродром Александар Велики-Скопје, на влез во Р.Македонија, од Цирих како депортиран допатувал Ј.С. (48) од Скопје.
По извршената пасошка контрола и проверка било констатирано дека истиот евидирал со мерка “Апси“ по барање од Основен Суд Скопје 1, по што бил лишен од слобода, а потоа и предаден на полициски службеници од ПО-Петровец за спровод до затвор Скопје.