Како што објавува TV 2, со групата војници на Гренланд ќе допатува и командантот на данската копнена војска, Петер Бојсен.
На Гренланд веќе се распоредени стотици дански војници, а новопристигнатите ќе учествуваат во дополнително зајакнување на контингентот на Данските вооружени сили, кој во моментов се распоредува на островот.
Претходно, командантот на Арктичкото заповедништво, Сорен Андерсен, изјави дека во главниот град Нуук веќе пристигнале околу 100 дански војници, додека сличен број е распореден и во Кангелусуак.
Во Кангелусуак треба да започне воена вежба под назив „Arctic Endurance“, која е забрзана и проширена по неодамнешните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во повеќе наврати изрази желба Гренланд да биде припоен кон Соединетите Американски Држави.