Данска ја зголеми возраста на пензионирање. Медицинска сестра: Физички не ќе можам да работам до тогаш

„Мислам дека на 70 години сте стари. Сакате да имате добар живот по пензионирањето“, порачува 53-годишна банкарска службеничка.

од desk2
120 прегледи

Во мај Данска, односно нејзиниот парламент, усвои закон со кој до 2040 година возраста за пензионирање ќе се покачи од 67 на 70 години. Но Кирстен Еванс (53) тоа не го гледа како логично, па како банкарска службеничка со добра ситуираност, најавува дека планира да се пензионери на 65 или 66-годишна возраст, без разлика што тоа значи дека нема да добие целосна пензија.

„Мислам дека на 70 години сте стари. Сакате да имате добар живот по пензионирањето“, вели таа за АФП.

Данска всушност ја усогласи возраста за пензионирање со очекуванииот живот век и ја ревидира на секои 5 години. Во 2030 година возраста за пензионирање ќе се покачи на 68 години, во 2035 година на 69 години. Но родените по 31 декември 1970 година, вклучувајќи ја и Еванс, ќе мора да чекаат да наполнат 70 години пред да се збогуваат од секојдневното одење на работа.

Но всушност, малкумина во Данска ја чекаат законската граница за пензионирање. Во 2022, кога официјално возраста за пензионирање беше 67 години, реалната возраст на која луѓето се пензионираа беше 64 години, според податоците од ОЕЦД.

Камила Расмусен, која 37 години е член на синдикатот, работи како медицинска сестра на Одделение за гастроентерологија во болница во Копенхаген, престолнината на Данска. Таа вели дека физички нема да може да издржи квалитетно да ја работи својата работа на 70-годишна возраст.

„Тоа би ми било навистина тешко – да поминам секој ден по 10.000 чекори. Кога би била тука на 70 години, мислам дека тоа не би било фер кон пациентите“, вели таа.

 

Слични содржини