447
Данска ќе донира два милиони доза вакцина од компанијата АстраЗенека на Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Косово, како и дополнителни милиони дози од истата вакцина за системот КОВАКС.
Данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод изјави дека е задоволен што може да им помогне на блиските партнери со вакцини, клучното оружје против пандемијата.
Данската влада објави дека донацијата преку системот КОВАКС првенствено е наменета за земјите од Северна Африка и Бутан.