Данска ќе испрати воена опрема и финансиска поддршка за Украина во вредност од 250 милиони долари, изјави денеска данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
Поулсен рече дека Данска ќе го намали своето воено присуство во Ирак од почетокот на 2024 година и наместо тоа ќе се фокусира на балтичките земји и ќе му понуди на НАТО баталјон за одбрана на регионот.
Поулсен посочи дека данското присуство во балтичкиот регион мора да биде долгорочно. Се очекува баталјонот да има меѓу 700 и 1.200 војници и ќе биде распореден во Летонија четири до шест месеци секоја година, објави Ројтерс.
Војниците ќе останат во Данска до крајот на годината, подготвени да бидат распоредени во балтичките земји во случај на криза, соопшти данското Министерство за одбрана.
Данска од февруари следната година ќе повлече околу 105 војници од Ирак, но ќе продолжи да дава поддршка на персоналот на мисијата на НАТО во таа земја, соопшти данското министерство.