Данска му одговори на Венс: Не го цениме тонот…

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Данскиот министер за надворешни работи одговори на критиките на американското раководство за управувањето со Гренланд, велејќи дека така не зборуваат „блиските сојузници“ и дека САД можат да ја зајакнат својата безбедност без преземање на територијата.

„Отворени сме за критики, но, да бидам искрен, не го цениме тонот со кој се изразува“, рече данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен во видеото на англиски јазик објавено на платформата X.

„Така не им се обраќате на блиските сојузници, а јас сè уште ги сметам Данска и САД за блиски сојузници“, додаде тој.

Данскиот одговор доаѓа по еднонеделните засилени тензии меѓу двете земји поради најавата за посета на американското раководство на автономната данска територија Гренланд, патување кое на крајот беше ограничено на американската воена база во Питуфик во петокот.

Данската премиерка Мете Фредериксен синоќа одговори на „нефер“ критиките од Американците, потсетувајќи дека Данска отсекогаш била на американската страна во „тешките ситуации“, мислејќи пред се на приклучувањето кон воените коалиции во Ирак и Авганистан.

Доналд Трамп во петокот повтори дека на САД им е потребен Гренланд. „Ова е многу важно за меѓународната безбедност“, рече американскиот претседател.

Данска во јануари објави дека ќе одвои речиси две милијарди евра за зајакнување на своето присуство на Арктикот и Северен Атлантик.

И покрај заканувачкиот тон на Трамп, неговиот потпретседател ја отфрли можноста за употреба на сила за заземање на автономната данска територија, тврдејќи дека Вашингтон ќе успее да ги убеди Гренланѓаните да се приклучат на САД и да потпишат договор со нив.

Слични содржини