Данска: Не ги ублажувајте стандардите за влез во ЕУ поради Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Данскиот министер за надворешни работи ја предупреди ЕУ да не ги ублажува правилата за пристапување за да ѝ дозволи на Украина брзо да влезе во Унијата. Поранешниот премиер Ларс Локе Расмусен изјави за „Фајненшл Тајмс“ дека неговата влада ја поддржува кандидатурата на Украина, но геополитичките околности не го оправдуваат занемарувањето на спроведувањето на реформите.

Тој додаде дека ЕУ би можела да воведе нестабилност во зоната доколку, во случајот со Украина, како и со другите потенцијални земји-членки, ги ублажи своите стандарди за демократијата и корупцијата.

Украина досега исполни само два од седумте услови потребни за започнување на процесот за членство во ЕУ.

Слични содржини