Данска повторно воведува гранични контроли со Шведска

од Aleksandar Petrovski
177 прегледи

Данска привремено ќе воведе гранична контрола со Шведска и ќе ги зајакне полициските сили долж границата по низата насилни криминални дела и експлозии во Копенхаген.

Данските власти тврдат дека за криминалните дела одговорни се сторители од Шведска.

Контролите на мостот Оресунд помеѓу Копенхаген и Малме, како и во пристаништата почнуваат од утре и ќе ќе траат шест месеци.

Од февруари во Копенхаген регистрирани се 13 експлозии. Според данските власти за експлозијата пред Даночната управа во Копенхаген во август одговорни се „криминалци од Шведска ја минале границата“. Поради инцидентот двајца Швеѓани се во притвор.

Данскиот министер за правда Ник Хекеруп по повод двојното убиство што се случи на 25 јуни, кога во предградие на Копенхаген беа убиени двајца државјани на Шведска, изјави дека станува збор за „судир помеѓу ривалски криминални групи“.

Во саботата во Малме едно 15-годишно момче загинаа, а друго е тешко повредено во вооружен инцидент. Според очевидците, напаѓачите побегнале со велосипеди.

Слични содржини