Данска протерува мигранти: Сирија сега е БЕЗБЕДНА

од Nikola Popovski
172 прегледи

Данска стана првата европска земја што им соопшти на мигрантите на нејзината територија дека мора да се вратат во нивната земја на потекло, нагласувајќи дека сега таму за нив е безбедно.

Скандинавската земја го откажа престојот на дури 94 граѓани од Сирија, велејќи дека главниот град Дамаск сега е град во кој може да се одвива нормален живот.

Мигрантите нема да бидат принудени веднаш да се вратат во нивната матична земја, туку ќе бидат испратени во кампови, што некои групи за човекови права ги оценуваат како притисок од владата да ги принуди на некој начин да заминат во Сирија.

Данскиот министер за имиграција Матијас Тесфаје истакнал дека земјата е искрена со мигрантите од самиот почеток.

„Ние им објаснивме дека дозволата за престој е привремена и може да се одземе доколку повеќе не им треба заштита“, рече Тесфаје.

Премиерот на Данска, Мета Фредриксен, вети дека нултата толеранција ќе важи за оние кои бараат азил во оваа земја, пренесува Дејли меил.

Пред Данска, Германија зборувала и за враќањето на мигрантите во нивната матична земја, но ова важело само за оние кои извршиле злосторства на територијата на таа земја.

Проценката на таа скандинавска земја е дека Дамаск е безбеден град и дека сите што побарале азил можат да се вратат. Сепак, во таа блискоисточна азиска земја, војната сè уште трае, со помал интензитет, но со многу нестабилно примирје.

Слични содржини