„Почитувањето на Преговорната рамка, вклучително и уставните измени е услов С.Македонија да преговара со Европската Унија“ – ова денеска го изјавила данската министерка за европски прашања, Мари Бјере пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент.
На 1 јули, Данска го презеде 6-месечното претседателство со Советот на ЕУ.
Како што објавува бугарски „БГНЕС“, Бјере нагласила дека по уставните измени, Данска е подготвена за следната меѓувладина конференција и отворањето на првите преговарачки кластери во согласност со Преговорната рамка.
-За Данска приоритет број еден е безбедна Европа. Агресијата на Русија над Украина беше повик за будење дека Европската унија треба да се проширува со нови членки, за да има напредок. Долго чекате пред вратата на Унијата– рече вчера данската амбасадорка Перниле Деилер Кардел пред Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања во македонското Собрание.
Оптимистка е дека во следното проширување Македонија ќе стане членка на Унијата.
Во шестмесечното претседавање со Европската унија, приоритет на Данска ќе биде зелена Европа, но и конкурентноста.