Приказната за Данска продолжува и тимот веќе е во полуфиналето на ЕП 2020! Во Баку, „Црвениот динамит“ повторно избувна за да ја победи Чешка со 2-1 и да стигне до „Вембли“, каде го чека победникот од пресметката Англија – Украина.
Во натпревар со многу ситуации, Данците се покажаа како поефикасни во нападот и со тоа го забележаа најсилниот учинок во европските завршници од 1992 година, кога ја освоија титулата. Покрај тоа, тие им се одмаздија на Чесите за двата порази на Европското првенство во 2000 и 2004 година.
Брз голот ја постави Данска на патот до победата, а непосредно пред паузата го удвоија водството. Чесите успеаја да вратат со гол набргу по паузата, но не успеаја да израмнат докрајот.
Иако отпаднаа, сепак тие се претставија повеќе од достојно на дуелот и на целото натпреварување.