Данската кралица Маргарет Втора му се извини на своето семејство откако им ги одзеде принцовите титули на своите четири внуци, но не ја промени својата одлука, објави денеска Би-би-си.
Данската кралица изјави дека сака монархијата да им отстапи место на нови институции и дека долго размислувала за одлуката.
Маргарета Втора (82) истакна дека ја потценила реакцијата на семејството и дека жали поради тоа.
Првичната одлука беше објавена минатата недела, а ќе стапи на сила следната година.
Потомците на принцот Јоахим, помладиот син на данската кралица, нема да имаат титули на принцови и принцези, туку ќе им се обраќаат со екселенции.
Принцот Јоахим изјавил за „Екстра Бладет“ дека е вознемирен поради ова и дека неговите деца сега се во ситуација која не ја разбираат.
Принцот Јоахим и неговата сопруга принцезата Мари изјавија дека кралицата не разговарала со нив пред да ја објави одлуката.