Данската полиција уапси неколку лица осомничени за подготовка на терористички напад

од Stefanija Kuzmanovska
238 прегледи

Данската полиција денеска при операција на повеќе места уапси неколку лица осомничени дека подготвувале терористички напад.

Полицијата во главниот град Копенхаген и домашната разузнавачка служба на Данска треба да одржат прес-конференција подоцна во текот на денот.

Серијата антиисламски протести и палење на куранот во Данска ја влошија општата безбедносна ситуација и ја зголемија заканата од тероризам.

Нивото на закана од тероризам во Данска моментално е на четврто ниво, второ највисоко.

Претходно овој месец, Илва Јохансон, комесарката за внатрешни работи на Европската унија, предупреди дека Европа се соочува со „висок ризик од терористички напади“ за време на периодот на Божиќ, поради последиците од војната меѓу Израел и палестинската организација Хамас.

Слични содржини