Дански пратеник: Гренланд да размисли за членство во ЕУ за да се заштити од заканите на САД

од Nikola Popovski
24 прегледи

Гренланд треба да размисли за влез во Европската унија за да се заштити од заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја преземе контролата врз островот, изјавил денеска данскиот пратеник Мортен Локегард.

Тој додал дека за иднината на Гренланд дефинитивно треба да одлучуваат неговите жители, но дека е време за нов начин на размислување, пренесува „Politico“.

„Живееме во свет во кој колку и да сакате да бидете независни, мора да бидете дел од сојуз“, оценил Локегард, додавајќи дека ЕУ е „најдобриот вид на сојуз“.

Тој порачал дека секој што е дел од алијансата е обезбеден економски и политички и нагласи дека тоа важи и за Данска и за Гренланд.

Трамп претходно изјави дека е апсолутно неопходно САД да добијат контрола над Гренланд и одби да ја исклучи можноста за употреба на воена сила за да се постигне тоа.

Неговите закани доведоа до интензивни разговори меѓу Копенхаген и другите европски престолнини, меѓу кои Данска продолжува да добив поддршка.

Гренланд, самоуправна данска територија, на референдум во 1982 година гласаше за напуштање на Европската заедница, претходник на ЕУ, и формално го напушти блокот во 1985 година.

Слични содржини