Дански пратеник се заканувал на женски имам дека ќе објави нејзини „порно“ фотографии

од desk2
82 прегледи

Шерин Канкан, основачка на првата џамија во Скандинавија водена од жена, го обвини конзервативниот пратеник Насер Кадер за закана дека ќе објави нејзини „длабоко интимни и лични“ фотографии кои таа му ги пратила додека биле во романтична врска.

Канкан за Berlingske вели дека Кадер се обидел да ја замолкне со тоа што рекол дека ќе објави нејзини интимни фотографии.

Според неа, таа и Кадер кусо биле во врска во 1999 година, а за тоа време таа му пратила на пратеникот фотографии кои се многу лични и интимни.

Во порака пратена од него до неа, која ја објави Berlingske, а подоцна и пратеникот, изгледа дека тој се заканува дека ќе ги објави фотографиите како резултат на нивните несогласувања околу фондацијата на Канакан Exitcirclen, која работи со жртви на религиозно мотивирано насилство.

„Најдов многу материјали вчера, меѓу кои и фотографии од нас во Лунд 2000 и фотографии кои ти ми ги прати во 1999. Ќе престанеш ли да лажеш?“, гласи пораката.

Тој одрекува дека и се заканувал, а за Berlingske вели дека таа треба да престане да манипулира.

„Не, не зборуваме за слики каде таа е гола и Шерин Канкан го знае тоа. Тоа се едноставно фотографии од одмор од Лунд и една фотографија каде таа е модел што е сосема нормално, младешки, многу пристојно и каде е потполно облечена“, пишува тој, „Многу е опортунистички и цинично што таа ска ова да го стави под ‘#metoo‘ и ’revenge porn‘.“

Кадер и Канкан се во конфликт затоа што пратеникот сака да ги тргне државните донации од фондацијата Exitcirclen, затоа што тој тврди дека фондацијата го поддржува каменувањето и камшикувањето како казна за вонбрачни работи. Канкан ги отфрли обвинувањата и нејзиниот адвокат подготвува случај против Кадер и уште двајца други политичари од центарот.