Пејачката Дара Бубамара е една од оние луѓе кои се многу склони кон јавни скандали, а сега е мета на смешни статуси на многу корисници на Твитер на кои им „падна во очи“ фактот дека пејачката самата си коментирала на своја фотографијата на Инстаграм.
Под провокативната фотографија која Бубамара ја објави на својот Инстаграм профил, беа објавени повеќе од сто коментари, а еден од нив е на самата Дара.
Се чини дека пејачката е фасцинирана од својот изглед, па си аплаудираше самата на себе и остави емотикон на срце, што корисниците на Твитер едвај го чекаа за да ја исмеат пејачката.
„Но, Дара Бубамара, која си коментира самата на слики, Боже јас“, „Дара се занесе, заборави да влезе на лажниот профил и дури потоа да си ја искоментира сликата“, „Дара е победник на месецот, да се надеваме дека е грешка во прашање“, се дел од коментарите на Твитер.
ALI DARA BUBAMARA KOJA KOMENTARIŠE SEBI SLIKE BOŽE JA pic.twitter.com/3I7zCftzHA
— aki grande (@anlakiaki) March 18, 2021