Даравелски уапсен во Белград, Вучиќ ветил испорака!?

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Драган Даравелски, екс директорот на македонската царина во владата на Љубчо Георгиевски, според непотврдени информации, е уапсен од српската полиција во Белград, јавува Либертас

50655

Апсењето е врз основа на потерница која е издадена пред повеќе години но властите во Белград не ја реализираа.

Тој е осуден со затворска казна за злоупотреба на функцијата но бидејќи беше во бегство со години е недостапен за македонските правосудни власти.

Пред неколку години Даравелски помина извесно време во екстрадициски притвор во Белград но успеа во меѓувреме да стане државјанин на Србија и не беше испорачан во Македонија.

Се шпекулира дека Даравелски од Белград контролира многу недвижнини во Македонија и заработува од нив. Според неофицијални информации, српскиот премиер Вучиќ наводно ветил дека Даравелски иако е нивен државјанин овој пат ќе им биде испорачан на македонските истражни органи.

Либертас нема потврда од македонските власти дека на нивно барање во Белград е уапсен Даравелски./Либертас