Дарко Рундек конечно одговори кој е Шејн од песната на Хаустор

од Elena Daskalova

Дарко Рундек беше фронтмен на бендот Хаустор, кои се сопственици на еден од најголемите југословенски хитови, „Шејн“, но никогаш не открил кој е всушност тој.

Во интервју за босанскиот Аваз, Рундек открил дека не се работи за лик од вестерн, туку дека инспирацијата ја пронашле во стрип.

„Шејн е лик од стрип. Го најдов во библиотека, црно-бело издание. Не, не е Шејн од филмот, туку од стрипот, кој повеќе личи на Клинт Иствуд, отколку оној од филмот“, открил Рундек.

Минатата година Рундек сними песна со детски хор, која стана дел од кампања на Гринпис Хрватска против користењето на пластика за еднократна употреба.

Слични содржини