594
Кога една сестра има 33 годишно работно искуство мора да му се најде на својот народ. Пред се кога се појави пандемијата сфатив дека треба да помогнам, и дојдов на помош од Битола доброволно на Инфективната клиника во Скопје, вели медицинската сестра, Валентина Даркова Ангелевска од Битола во емисијата „Магазин“
Таа вели дека во 12 часовно работно време тие осум часа се под маски и со униформа кога се кај пациентите.
-Губитокот на секој човечки живот е тежок, како да сме изгубиле некој близок, ние нашите пациенти ги гледаме како наши ближни и така може да ги негуваме и да се справиме со нив.Ние длабоко страдаме за секој изгубен живот од ковид . Ние го вложуваме максимален напор за секој пациент, вели Даркова Ангелевска.