Дарлин Кејтс почина од дебелина

од Vladimir Zorba
150 прегледи
Актерката која важеше за една од најпозитивните актерки, која колегите обожуваа да ја имаат во друштво, Дарлин Кејтс, почина дома, а тажната вест ја пренесе нејзиното семејство.
Кејтс, почина како последица на енормната тежина со која се бореше долги години. Нејзините проблеми со тежината и големата потреба од храна која и била емоционална утеха, беа познати меѓу колегите во Холивуд, но за жал никој не успеа да и помогне. Сепак, таа ќе остане запаметена како исклучително позитивна личност со која сакаа да се дружат големите филмски ѕвезди.
Една од најпознатите улоги ја одигра како  мајка на Леонардо Ди Каприо и Џони Деп во филмот „Што јаде Гилберт Грејп“.