Дарвин Нунез под знак прашалник за дербито на Арсенал

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нунез е неизвесен за неделното дерби во Премиер лигата против Арсенал. Уругваецот немаше среќа против Челси кога не само што четири пати ја погоди стативата, туку и заработи повреда, при што сè уште не е јасно дали неговиот оток ќе се намали и ќе може да игра на „Емирати“.

„Четирите стативи влијае врз него, тој е човек. Да не беше така, би било чудно. Промашувањето на пенал дефинитивно го повреди. Не знам дали ќе биде достапен за натпреварот со Арсенал. По 20. минути од мечот со Челси, некој му згазна на нога и беше многу болно. Тој не ја соблече копачката дури по натпреварот бидејќи знаеше дека нешто се случува, но не сакаше да види порано. Потоа го напушти стадионот облечен во заштитна чизма. Ништо скршено, но има оток. Треба да видиме дали ќе успее да стави копачка на тоа стапало. Ќе видиме. Не го оценувам за промашувањата и гредите, туку за неговата асистенција на Луис Дијаз. Од фудбалска гледна точка е одлично – да не се грижите за сопствената лоша среќа“, изјави тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп на прес-конференција.

„За прв пат оваа сезона го имаме луксузот да имаме повеќе играчи отколку што може да започнеме во почетниот состав. Ни требаат сите. Имавме многу повреди, но имавме среќа со момците кои се вратија во вистинско време. Затоа сме таму каде што сме. Многу ми е драго што изгледа дека сите се во добра форма. Арсенал е навистина тежок противник и ќе мора да го дадеме максимумот.

Ако го победиме Арсенал, ќе имаме осум бода повеќе од него. Ако загубиме, Арсенал ќе заостанува само два бода, но голем победник ќе биде Сити. Тоа се работите за кои се зборува надвор, а ние сме концентрирани само на самиот натпревар и на работите што треба да ги правиме на теренот. Доволно е тешко, а фактот што сме далеку го прави уште потешко. Сепак, ние сме во добра форма и мора да го искористиме тоа. Барем ќе се обидеме. Треба да бидеме многу подоминантни. Во куп-натпреварот, Арсенал требаше да даде гол пред ние да постигнеме гол. Можете да добивате такви натпревари, но јас повеќе би сакал да имам повеќе моменти на контрола. Првото полувреме одиграа исклучително. Ова е нормално и доста вообичаено.

Ако сакаме да завршиме пред Сити, мора да ги победиме сите наши натпревари затоа што тие го прават тоа. Тоа е ПЛ. Сити доминира. Мислат дека не ја имаат најдобрата сезона досега, но и покрај се заостануваат само два бода зад нас (разликата моментално е пет бода, но шампионите имаат натпревар помалку)“, рече Клоп.

Слични содржини