Опсежен извештај ја анализира ситуацијата на 1/5 од населението на земјата

Близу 17 милиони. Луѓе во Германија се имигранти, или секој пети жители. Тие се посиромашни, повеќе необразовани и често невработени, но задоволни. Ова  го покажува последниот извештај на Федералната статистичка служба, подготвен заедно со уште три институти , пишува весникот Das Handelsblatt “.

 По дефиниција за мигрант се смета оној кој – без оглед на неговата националност – е роден во странство или имаат барем еден родител кој доаѓа од држава, различна од СРГ. Повеќе од половина од нив се со германско државјанство, една третина се родени во земјата.

Во извештајот со обем од 400 страници се вели дека мигрантите се помлади, поретко најпосакувани на пазарот на трудот, заработуваат помалку и се изложени на поголем ризик од сиромаштија. Во областа на образованието постигнале значителен напредок во последно време, но тоа се должи пред се на фактот дека во овој поглед државата остварува силен притисок врз нив. Документот има за цел да го претстави фактот  за оваа бегалска криза, но и да понуди решенија за неа.

Така на пример во текстот има насока за   барањето за поширок пристап до образование, бидејќи колку повеќе квалификуван е еден човек, толку помалку веројатно е тој да остане надвор од пазарот на трудот.

Во 2014 година 65 отсто од мигрантите на возраст меѓу 15 година и 64 година имале работа – единаесет проценти помалку во споредба со податоците за населението без странски корени.

Хајнрих Алт, поранешен претседател на Федералната служба за вработување, повика за итно намалување на процедуралните рокови за азил од две години на три месеци. “Да се чека до две години – ова е чиста мизерија. Ова го спречува луѓето да работат, генериран немоќ, непријавени труд и ситни злосторства”, истакна експертот.

Сепак  во аначизра се заклуќува дека 17 те милиони мигранти во Германија , се сиромашни, необразовани , со и  без работа, но  сепак среќни и свесни за реалниот контекст на настаните.

Слични содржини