Даштевски: Ако се договорат партиите, ќе ги спроведеме локалните и парламентарните избори заедно

346 прегледи

Во своето гостување во дневникот на Тв Сител, претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски посочи дека возможно е да се спроведат и предвремените парламентарни избори заедно со редовните локални кои ни претстојат, но доколку се договорат партиите.

Како што вели тој, изборите, односно спојувањето на двата процеси, ќе ги намали трошоците.

„Мислам дека ДИК би имала капацитет да ги спроведе и локалните и предвремените парламентарни избори, доколку партиите се договорат“, посочи Даштевски.

Исто така, тој вели и дека се јавуваат сомнежи кај членови на ДИК за тоа дали ќе биде навремена набавката на потребната опрема одредена според Изборниот законик.

Даштевски вели и дека добро тече работата во однос на Избирачкиот список, кој како што вели, се ажурира четири пати во годината.

За софтверот пак, кој на изминатите парламентарни избори беше хакиран, Даштевски само уште еднаш потврди дека истрагата е се уште во тек.

Слични содржини