Даштевски: ДИК може да функционира и со шест членови

од Nikola Popovski

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски информира дека Комисијата може да функционира со шест членови бидејќи е потребно мнозинство гласови. Според Деловникот, сосема солидно може да се работи и со шест членови, но од полза би било доколку се избере и седмиот член.

-Тоа го оставам на надлежните органи и Собранието. Не можеме во тоа да се мешаме и да кажуваме, не функционираме на тој начин. Ако ние се замешаме, значи дека ние не постапуваме по законот. Тоа е регулирано во Изборниот законик. Собранието треба да избере член, кажа Даштевски, одговарајќи на новинарско прашање при одбележувањето на Глобалниот ден на изборите 2024 со потпишување Меморандум за соработка со Медиумската информативна агенција (МИА).

За предвидените рокови, првиот човек на Изборната комисија истакна дека прво треба да се распишат изборите, па после тоа течат сите рокови.

Слични содржини