Даштевски е предлогот за претседател на ДИК

од Берта Китинска
314 прегледи

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска соопшти дека Александар Даштевски ќе биде новиот предлог за претседател на Државната изборна комисија

– Можам да потврдам дека со одлука на последниот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, професорот Александар Даштевски ја доби поддршката за предлог за нов претседател на ДИК, изјави Стоилковски.

Мандатот на актуелниот состав на ДИК истекува на 15 јануари, а во Собранието започна постапката за избор на нови членови на највисокото изборно тело во државата.

Слични содржини