Даштевски: Електронските читачи на отисок од прст доцнат една недела

од desk4
266 прегледи

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски за телевизија Сител рече дека првите електорнски уреди „фингерпринт“ требаше веќе да бидат пристигнати, но поради процедури поврзани со документацијата ќе пристигнат кон крајот на идната недела.

-Веќе во понеделник во Скопје ќе пристигнат германски инженери од компанијата од која ги набавуваме уредите за читање на отпечаток од прст, преку кои ќе се врши проверка на идентитетот на секој гласач. Тоа се 200 уреди кои ќе служат за обука на оние кои ќе управуваат со нив. Од понеделник, по доаѓањето на инженерите од Германија, и откако ДИК ќе го донесе упатството за употреба и управување со апаратите, ќе започне едукацијата на избирачките одбори“, рече Даштевски.

Апаратите се специфични и гласањето ќе се одвива така што првично се става исправата за лична идентификација (лична карта или пасош) по што на екран излегуваат личните податоци за лицето. Со ставањето на прст, апаратот покажува дали лицето веќе има гласано. Ако веќе гласало, ќе свети црвено светло, а доколку не гласало, ќе свети зелено светло. Во случај кога лицето не е на вистинското избирачко место, на апаратот ќе се покаже жолто светло и информација на кое избирачко место треба да се упати гласачот.