182
– Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
Соопшти и дека на неколку места се појавени технички проблеми, кои во меѓувреме се решаваат, таму гласањето ќе продолжи на стар начин со УВ ламба и спреј, а доколку се исправат техничките недостатоци, ќе се продолжи со техничката опрема. Такви места има во Кочани, Охрид, во Куманово, во Тетово и во Гази Баба.
Како што дополнува, има доставено и 15 приговори за избирачко право, и само три од нив се одбиени.