Претседателот на ДИК, Александар Даштевски во изјава за МИА вели дека подготовките за локалните избори ќе бидат навремени, иако се уште не се донесени измените на Изборниот законик, а треба да следува и едукацијата на членовите на ОИК и избирачките одбори, што ќе опфаќа и гласање со отпечатоци од прсти.
– Јас сметам дека тоа што ќе се донесе бидејќи има работни групи таму професионални во Министерството за правда, и таму внимаваат што може да се направи, што неможе да се направи, што е приоритетно, што не е, дека ќе внимаваат на сите работи за да може успешно да биде спроведен процесот. Така што мислам ќе ги донесат само најнеопходните работи кои ќе помогнат за полесно спроведување на изборите, а дека другите работи ќе ги остават за подоцна, бидејќи е прекраток временскиот период. Во таа насока ќе се оди за да се помогне и да се олесни спроведувањето на изборниот процес што на нас нема да ни смени многу, вели Даштевски.