Пред избори маските почнаа да паѓат. По вчерашните здружени соопштенија од страна на ВМРО-ДПМНЕ, независниот советник Танушев и градоначалникот Костадинов добивме нова коалиција во Струмица, која во паника од изборите кои следуваат дејствуваат организирано против мене и СДСМ, порача денеска Марјан Даскаловски од СДСМ.
Тој во реплика на ВМРО-ДПМНЕ, порача дека „пред 3 месеци кога повикуваме на здрав разум за ситуацијата во градинките, ВМРО спинуваа, независниот велеше да не се политизира, а градоначалникот вети ребаланс за пронаоѓање средства на кадарот од градинките, не го стори тоа“.
„Ваквиот хаос ќе престане уште во Октомври. Јас сум човек кој секогаш е спремен да подаде рака кон секој и за секој. Граѓаните на Општина Струмица знаат кој е Марјан Даскаловски“, порача кандидатот за првата функција во градот.
Општина Струмица ќе добие нов лик, ќе добие нов менталитет и ќе работи во интерес на сите, ветува тој.