Даскаловски: Немаме светла иднина со следните претседавачи со Европската Унија

Во своето гостување на ТВ 24, професорот Жидас Даскаловски, потенцира дека земјите претседавачи со ЕУ кои следуваат, ќе бидат клучни за евроинтеграцијата на С.Македонија.

„Земјите кои ќе претседаваат нема да имаат голема функција во проширувањето. Како ќе ни помогне следниот претседавач, Португалија? Па оттаму, не очекуваат тешки и бурни времиња“, вели Даскаловски.

На новинарско прашање, дали Заев ќе успее да ја амортизира и оваа состојба, Даскаловски вели:

„Владата и овој премиер редат неуспеси. Рушиме рекорди со Ковид 19, на политички план имаме проблем и внатре покрај меѓународните односи. Не знам што е позитивното во оваа 2020. година, а е направено“.

Слични содржини