Дац, Митевски и Живко Поповски новите кумови и здравичар за бадник 2022

од Берта Китинска
418 прегледи

Актерот Драган Спасов – Дац, музичарот Александар Митевски и ликовниот уметник Живко Поповски – Цветин се кумовите и здравичарот за Бадник 2022 година.

Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје“ денеска во салата за состаноци на Советот на Општина Центар го претставува кумот и здравичарот за Бадник 2022.

– Мило ми е што сум овде на ова место заедно со Александар. Ги запознав овие луѓе бадникари. Видов таква една сплотеност, таква една енергија, таква една љубов према тоа што го работат што и јас се вљубив во целава оваа организација и во се она што го прават и ветувам дека ќе бидам заедно со нив и понатаму. Драго ми е што бевме предложени од помладите членови во овој Одбор кои се навистина една голема сила во оваа цела организација. Ви посакувам се најубаво на сите. Ако минатата година имаше доктори, оваа година веројатно уметноста ќе го спаси здравјето, порача Дац.

Задовослтвото што токму младите се тие кои ги предложиле, изрази и Алесандар Митевски кој се потсети на поранешните прослави на кои учествувал и со музика давал поддршка на млади групи коишто собирале бадникови гранчиња.

-И мене ми е многу драго што бевме избрани и од помладата и од постарата популација. Прво дружење имавме на местото каде се собираа бадникарчиња и интересно е што ние со музика им дојдовме и ги посетивме сите тие млади групи коишто собираа бадникови гранчиња. Тоа е една голема обврска што ние ја преземаме и сакаме да дадеме плус квалитет во ова наше гостување оваа година со огромна почит кон сите претходни кумови и здравичари. Ние со Дац имавме една мисија да му дадеме на народот позитивна енергија со нашите песни тоа ќе го продолжиме и понатаму со огромна почит пред сите претходни кумови и здравичари, истакна Митевски.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на кумовите, здравичарот и организаторите им посака здравје и многу успех, а на младите од организацијата им порача да ја продолжат традицијата и вети поддршка од Општината.

Слични содржини